
Зголем бројот на пациенти каснати од змии, лекарите препорачуваат да нема паника, веднаш да се бара помош
Прилепската служба на Итната помош со полни раце работа, а екипите се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пружат медицинска помош на жителите во Прилепскиот регион. Најчести пациенти се оние со хроничните заболувања ама зголемен е бројот и на каснати од змија.
„Во овие две до три недели имавме пет каснувања од змии, на полињата каде работат полски работи. Пациентите се жалаат на каснувања од инсекти. Паниката е многу поголема од здравствениот проблем. Битно е првилен одговор на лекарот. Кај пациентите каснати од змии, за среќа немаа фатални компликации. Се препраќаат на инфективното одделение, три случаи пративме на клиниките во Скопје. Беа во добра здравствена состојба, се дава серум, се снаоѓаме. Во прилепско најмногу ја има отровната змија поскок, но битно е пациентот да не паничи и да даде вистински одговори за да реагираме. Има и каснувања од крлежи“, изјави за МИА доктор Даниел Аврамовски, началник на службата за Итна помош од Прилеп.
Препорачано
За 60 отсто се зголемени интервенциите на службата за Итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во викендот интервенциите и повиците се уште поголеми.