Земјотрес во Романија од 4,2 степени

Земјотрес сеизмограм
Сеизмограм / Фото: EPA/ALANAH M. TORRALBA

Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтеровата скала  ја погоди Романија. Земјотресот беше регистриран околу 19 часот.

Како што соопштија од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот ја погодил областа десет километри северно од Неиху во Романија.

Земјотресот се случил на 131 километар под површината на Земјата, пишува ЕМСЦ.

Претходно, во Романија беше регистриран земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтеровата скала во близина на границата со Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот