Зеленски: Украина заслужува покана за членство во НАТО

Фото: Собрание на РСМ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се заблагодари на секоја земја што склучила билатерален безбедносен договор со Киев и посочи дека „Украина заслужува покана за членство во НАТО“.

„Украина смета дека е историски точно дека регионот на Балтичкото Море конечно доби историска шанса за стабилна безбедност откако Финска и Шведска се приклучија на НАТО. Истата безбедност е потребна и во регионот на Црното Море. Како демократска нација која ги брани заедничките вредности на Алијансата, Украина заслужува покана за членство во НАТО“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со литванскиот и полскиот претседател Гитанас Наусед и Анджеј Дуда во Вилнус.

Како што е наведено во прес-службата на украинскиот претседател, Зеленски побарал Европската унија да ја прими Украина во јуни оваа година.

Јуни е вистинско време за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија. „На Европа и е потребен овој сигнал за Путин да не биде во искушение да мисли дека Европа покажува слабост“, рече Зеленски.

Зеленски денеска во Вилнус разговараше и со претседателот на Унгарија Тамаш Шујок за подготовката на Глобалниот самит за мир и понуди да се приклучи на Декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина.

Тој му се заблагодари на народот на Унгарија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Претседателот на Украина претходно денеска се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, со кого разговараше за спроведувањето на договорите постигнати за време на посетата на Мицотакис на Одеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот