Зеленски призна дека Украина не може да победи без помош од сојузниците

Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Украина не може да ја победи Русија без поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешната посетата на Осло, бидејќи новата помош од главните американски и европски сојузници на Киев и понатаму е блокирана.

-Не можете да победите без помош. Но, не можете да изгубите, бидејќи се што имате е вашата земја, им рече тој на новинарите, по разговорите со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денеска во Осло на средба со лидерите на пет нордиски земји, што се меѓу главните донатори на Украина во војната против Русија, соопшти норвешката влада.

Зеленски во САД, од американскиот Конгрес побара продолжување на помошта за Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот