Зеленски: Однесувањето на Шредер е одвратно

Колаж на СП/ Фото ЕПА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека однесувањето на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е одвратно.

Зеленски ја коментираше минатонеделната посета на Шредер на Москва, како и изјавата на поранешниот германски канцелар дека нема да се извинува поради пријателството со рускиот претседател Владимир Путин.

– Едноставно е одвратно кога поранешните лидери на големите држави со европски вредности ја поддржуваат Русија, која води војна против истите тие принципи, наведе Зеленски.

Во петчасовното интервју за Стерн и РТЛ, Шредер директно не ги коментираше размислувањата на Путин, но истакна дека по разговорот со Путин смета оти конфликтот со Русија може да се реши, но дека се потребни дополнителни преговори кои треба да ги водат Германија и Франција.

Тој додаде дека Западот треба да покаже поголемо разбирање кон „вистинските стравови на Русија, која се плаши од притисокот на непријателските земји”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот