Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката за Украина

Албанскиот премиер Еди Рама и украинскиот претседател Володимир Зеленски, попладнево имале телефонски разговор во кој Зеленски му се заблагодарил за поддршката „во оваа тешка ситуација во која се наоѓа неговата земја и континуираната поддршка во Советот за безбедност на ОН“.

„Само што имав телефонски разговор со премиерот на Албанија, Еди Рама, за да му се заблагодарам за цврстиот став на Албанија против руската агресија врз Украина и за поддршката на нашата земја во Советот за безбедност на ОН, за политичката и одбрамбената поддршка од страна на Албанија“, напиша украинскиот претседател Зеленски на платформата Х, јавија албанските медиуми.

Додава дека Албанија учествувала на четвртиот состанок од „Мировна формула“ во Давос и оти „нашата сегашна задача е да го подготвиме „Глобалниот самит за мир“ и да го поддржиме „активното учество на нашите партнери, вклучително и Албанија“.

„Разговаравме и за начините за продлабочување на украинско-балканскиот дијалог, како и за унапредување на нашата одбранбена соработка. Ја истакнав важноста од продолжување и проширување на програмите за обука на украинските војници со учество на Албанија“, се наведува во пораката претседателот Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот