Зеленски го утврди 9 мај како Ден на Европа, 8 мај како Ден на победата над нацизмот

Зеленски/ Фото APAImages / Shutterstock Editorial / Profimedia

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ врз основа на кој во Украина на 9 мај ќе се слави Денот на Европа.

Зеленски испрати и предлог до парламентот, 8 мај да се прогласи за Ден на сеќавање и победа над нацизмот во Втората светска војна, пренесува „Интерфакс Украина“.

Во указот објавен на веб-страницата на претседателот на Украина, Зеленски посочува дека 9 мај го прогласува за Ден на Европа, свесен за европскиот идентитет на украинскиот народ, со цел зајакнување на единството на народот на Европа, обезбедување мир, безбедност и стабилност на европскиот континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот