Зеленски го разреши заменик-командантот на Националната гарда

Володимир Зеленски / Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека донел одлука за смена на заменик-командантот на Националната гарда Руслан Џуба и додаде дека неговите напори за „расчистување“ на владата ќе продолжат.

Претходните недели беа сменети неколку десетици државни функционери, а започнаа и големи истраги за криминалните дела извршени од поединци.

Европската унија претходно објави дека решавањето на корупцијата е еден од условите Украина да се приклучи на европскиот блок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот