Фото: Профимедиа

Здрави и убави – Четири состојки што го отстрануваат целулитот

Ваш најдобар сојузник во обидот да се ослободите од непосакуваниот надворешен изглед на кожата е да јадете исклучиво внимателно избрани намирници

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли, кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, нарушување во циркулацијата и размената на материите, пред сѐ од задржување вода во ткивата.

Во суштина, целулитот нема никаква поврзаност со моменталната телесна тежина кај човекот. За жал, целулитот може да се појави дури и кај екстремно слаб човек.

Главниот виновник за неговото појавување се хормоните, особено естрогенот, потоа огромна улога има и наследниот фактор, но и лошата исхрана и намалената физичка активност.

Меѓутоа, добрата вест се состои во фактот што, иако постојат намирници што ја поттикнуваат можноста за појава на целулит, исто така природата ни дала и плодови што можат да ја спречат појавата на целулит, а ако се појавил, да помогнат во негово отстранување.

Брокула

Фото: Профимедиа

Брокулата во својот состав содржи „коктел од витамини  и минерали“ кои се корисни за убавината и имаат релативно мал број калории. Но најважно од сѐ е тоа што оваа има моќи врз организмот какви што другите плодови немаат. Но, брокулата содржи и алфа-липоинска киселина, природна супстанција што спречува стврднување на колагенот, што предизвикува целулит. За да ја добиете потребната количина, во вашето мени вметнете 3 до 4 порции брокула неделно.

Портокал

Фото: Профимедиа

Портокалот е исклучително корисен за телото. Тој е преполн со витамин Ц и биофлавоноиди, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ја исправаат рамнотежата на клетките што може да доведе до целулит.

Лосос

Фото: Профимедиа

Лососот се смета за идеална храна за диета, детоксикација и борба против воспаленијата во организмот и е богат со антиоксиданси што ги разградуваат. Сето ова го намалува количеството отрови наталожени во телото со текот на годините и значително ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови.

Маслиново масло

Фото: Профимедиа

Маслиновото масло придонесува за правилно функционирање на штитната жлезда, која помага во правилната работа на метаболизмот. Кога метаболизмот работи како што треба, се согоруваат маснотиите и се активираат клетките што ги регенерираат оштетувањата на кожата. Кожата и сврзното ткиво под неа стануваат поцврсти и со тоа се намалува целулитот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот