Зборувала за својот живот под анестезија: На 106-годишна Италијанка успешно ѝ бил вграден пејсмејкер

Фото: Pexels

На 106-годишна Италијанка успешно ѝ бил вграден пејсмејкер, а за време на операцијата под локална анестезија таа им раскажувала на лекарите и медицинските сестри за својот живот.

Интервенцијата ја водел тимот на шефот на кардиологија во болницата во Сиенто, Бијаџо Сасоне, кој истакнал дека 106-годишната Аиде Боргати е „исклучително свесена“ и во „непроменета психичка состојба“.

„Нејзиниот жив ум и јасност на мислата и меморијата се навистина импресивни. За време на операцијата зборувавме за почетокот на нејзиниот живот во 1918 година, за време на Првата светска војна. За мене тоа беше како да отворам историска книга, да сум вљубеник во италијанската историја од 20. век“, изјави д-р Сасоне.

Тој додаде дека, иако претходно работел со многу постари пациенти, оние на 107-годишна возраст се поретки, а Сасоне и Боргати се збогувале со надеж дека ќе се видат за 10 години за замена на пејсмејкерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот