Завршни зборови на странките во случајот „Меѓународен сојуз”

Фото: СП. / Драган Митрески

Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз” денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови.

Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”. 

Боки 13 и Фросина Ременски побараа изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот