Заврши вториот мандат на претседателот на ЕБРД

Наследникот на Чакрабарти се очекува да биде избран на Годишното собрание на Банката, кое беше преместено од 13 и 14 мај на 7 и 8 октомври 2020 година, поради пандемијата на коронавирус.

По два мандати колку што и е дозволено според прописите досегашниот претседател на ЕВРД, Сума Чакрабарти, денеска ја напушти претседателската позиција во оваа институција

Чакрабати, британски државјанин, двапати победи на изборите за прв човек на ЕБОР, во 2012 и 2016 година, првпат во историјата на таа инстутуција.

Тој се придружи на банката со мандат да ја модернизира, а фокусираноста на таа цел и овозможи на ЕБРД да оствари рекордни инвестиции и влијание врз развојот на економиите во транзиција, како и да постигне поголема финансиска одржливост.

Транзицијата кон зелена економија е една од главните одлики на неговото претседателствување, бидејќи речиси половина од инвестициите на ЕБРД минатата година беа во зелената економија, а Банката најави и за во иднина амбициозни цели.

Чакрабарти рече дека ја напушта Банката во добра состојба и дека улогата на оваа институција е клучна за постигнување на глобалната развојна агенда.

Првиот потпретседател на ЕБРД Јирген Ригтерник, кој од 2018 година работи во банката на управување со банкарски и политички работи, од 3 јули ќе ја извршува работата на вршител на должноста претседател на ЕБРД.

Наследникот на Чакрабарти се очекува да биде избран на Годишното собрание на Банката, кое беше преместено од 13 и 14 мај на 7 и 8 октомври 2020 година, поради пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот