Заврши митингот на СДСМ

Заврши централниот митинг на СДСМ и коалицијата во Скопје за поддршка на претседателот Стево Пендаровски. Од говорницата дојде уверувањето дека Пендаровски и понатаму ќе биде претседател на оваа држава, а и дека СДСМ ќе победи на парламентарните избори.

Пендаровски: Мицкоски пред некој ден повика на формирање на семакедонски патриотски фронт, исто како во времето на режимот

Говорејќи за понудата на најголемата опозициона партија во текот на политичката кампања, Пендаровски оцени дека наместо предлози за подобро денес и утре на граѓаните и на државата, тие ги рециклираа истите политички решенија кои ја донесоа државата во статус на изолирана и заробена, со власт која монтираше политички процеси и земја во која имаше политички затвореници и новинари во затвор.

Левен од митингот на СДСМ: ПЕС силно верува дека ЕУ може да биде посилна само ако Северна Македонија е дел од неа

Со членството во ЕУ, со помошта на нашите сојузници, со помошта на САД можеме да се подобриме и да го искористиме нашиот национален потенцијал, нашето знаење и нашата енергија, порача денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на централниот митинг на СДСМ што се одржа во Скопје.
Ковачевски во своето обраќање на митингот посочи дека во својата програма гарантираат просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, како и минимална пензија од 20 илјади денари, но и просечна пензија од 30 илјади денари.

Ковачевски: Со ветингот почнуваме по 8 мај, јас и моите колеги ќе бидеме први во таа проверка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот