Заврши групната фаза во ЛШ: Кои се најголемите фаворити во нокаут фазата?

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Со вчерашните натпревари во Лигата на шампионите заврши групната фаза во најелитното европско натпреварување, а најголемото изненадување веројатно е Клуб Бриж на кого му се даваат најмали шанси за изненадување.

Како и во групната фаза, Манчестер Сити со Ерлинг Халанд остана прв фаворит за трофејот, а зад „граѓаните“ следува ПСЖ со триото Нејмар, Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Изненадување имаме можеби на четвртата позиција каде што на Ливерпул кој сезонава не игра баш во најдобра форма му се даваат поголеми шанси од бранителот на трофејот Реал Мадрид. По „кралевите“ следуваат Челзи, Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Тотенхем.

На дното на листата се споменатиот Клуб Бриж, Ајнтрахт и Порто. Како што е познато осумте победници од групите ќе бидат носители, а тоа значи дека не можат да играат еден против друг, исто така и клубови од иста земја не можат да ги вркстат силите. Ждрепката за осминафиналето е закажана за в понделеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот