Затвореник за време на викенд отсуство шетал со пиштол во Штип

Затвореник од Кочани, кој е осуден на 18 години затвор во време на викенд отсусто шетал со пиштол и со куршуми.

-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција,  Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи заедно со СВР Штип денеска на булевар „Гоце Делчев” во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион” и 21 куршуми калибар 7.65 мм – велат од Полиција.

Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство. Известен е јавен обвинител и од страна на СВР Штип по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл.396 од КЗ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот