Засега се почитува прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел

Израелски напади во Газа/ Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти во Појасот Гза, предводени од Хамас, се почитуваше до денеска, а официјални лица тврдат дека египетските посредници од двете страни се обидуваат да постигнат подолготраен договор за прекин на огнот

Примирјето почна во петокот рано утрината, во 2 часот, со што заврши 11-дневната размена на гранатирања што предизвика ново уништување на Газа, го потресе Израел и предизвика меѓународна загриженост дека ќе има уште поширок конфликт во регионот.

Египет, земјата која посредуваше во завршувањето на конфликтот со помош на САД, во петокот околу пладне испрати делегација во Израел да разговара за зајакнување на примирјето, вклучувајќи и испраќање помош за Палестинците во Газа, изјавија претставници на Хамас за британскиѕте медиуми.

Делегатите оттогаш посредуваат меѓу Израел и Газа, додека преговорите продолжија и денеска, соопштија палестинските власти.

И покрај вчерашните судири меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во Ерусалим, од денеска изутрина нема извештаи за ракетни напади на Хамас од Газа или израелски воени напади врз енклавата.

Американскиот претседател, Џо Бајден, пред два дена изјави дека Вашингтон ќе работи со Обединетите нации на доставувањето хуманитарна помош во Газа, како и помош во градењето, со внимателност оваа помош да не се користи за вооружување на Хамас, движење кое Западот го смета за терористичко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот