Зариф: САД немаат право од ОН да бараат нови санкции за Иран

Во писмото до Советот за безбедност на Обединетите нации, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека САД немаат право да бараат повторно воведување санкции на ООН против Иран, воведени поради нуклеарната програма на таа земја.

– Со повлекувањето од нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте најголеми светски сили, САД го загубија правото на поставување барања во 2018 година”, тврди Зариф во писмото, додавајќи дека постапката на Вашингтон ја крши резолуцијата на ООН, според која земјите потписнички треба да избегнуваат какви било чекори на штета на договорот – посочува Зариф.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера официјално ги извести ОН дека неговата земја бара повторно воведување на сите санкции на ОН против Иран, тврдејќи дека Вашингтон има правна основа за такво нешто, и покрај повлекувањето од договорот постигнат во 2015 година. с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот