Записник од состанокот на Главниот координативен кризен штаб за спречување на внесување и ширење на коронавирусот

На 19 март 2020 година (четврток), со почеток во 9.30 часот, во просториите на зградата на Владата на Република Северна Македонија, се одржа Третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедуваіъе целосна координација во врска со спречуваъе на внесуваюе и ширеіъе на Коронавирус COVID-19.

Со Главниот координативен кризен штаб за обезбедуваіъе целосна координација во врска со спречуваіъе на внесуваіъе и ширеюе на Коронавирус COVID-19, раководеше Оливер Спасовски, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

На состанокот присуствуваа членовите на Главниот координативен кризен штаб и тоа: м-р Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за одбрана, Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашаъа и за координација со економските ресори, д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашаі-ьа, д-р Венко Филипче, министер за здравство, Наке Чулев, министер за внатрешни работи, м-р Никола Димитров, министер за надворешни работи, д-р Арбр Адеми, министер за образование и наука, м-р Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, м-р Агрон Буцаку, директор на Центарот за управуваі-ье со кризи и Аднан Цаферовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасуваіъе.

На состанокот присуствуваше и Славјанка Петровска, дополнителен заменик на министерот за внатрешни работи, Викторио Димовски, директор на Агенцијата за национална бебзедност, Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за европски прашаъа и Зоран Попов, државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Од состанокот на Главниот координативен кризен штаб, отсуствуваа д-р Нина Ангеловска, министер за финансии и Садула Дураки, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи мегу заедниците и Гoкo Танаскоски, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија.

На состанокот на Главниот координативен кризен штаб за обезбедуваъе целосна координација во врска со спречуваіъе на внесуваіъе и ширеіъе на Коронавирус COVID- 19 се утврди следниот Дневниот ред:

Точка 1: Тек и прогрес на активностите на сите надлежни институции за обезбедуваіъе целосна координација во врска со спречуваіъе на внесуваіъе и ширеъе на Коронавирус COVID-19;

Точка 2: Прашан•а и предлози;

По однос на точката 1 од Дневниот ред, м-р Никола Димитров, министер за надворешни работи ги информираше членовите на Главниот координативен кризен штаб за состојбите и текот и прогресот на активностите на сите теренски екипи од сите надлежни институции, особено во подрачјата на кои постои кризна состојба.

Исто така, сите членови на Главниот координативен кризен штаб, секој од својата надлежност информираа за реализацијата и спроведуваіъето на заклучоците, мерките и препораките усвоени на Третиот состанок.

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, ги информираше членовите на Главниот координативен кризен штаб и другите присутни лица за дополнително преземени мерки и активности согласно задолженијата од состаноците на ова тело. Дополнително, тој информираше дека во текот на вчерашниот ден има 7 (седум) нови позитивни случаи.

Министерот за образование и наука, д-р Арбр Адеми, ги информираше членовите на Главниот координативен кризен штаб и другите присутни лица, за задолжението под реден број 9 од Вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 17 март 2020 година, односно дека е започнато со подготовка на план и начин на спроведување на онлајн настава за учениците во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, како и за високо образовните установи so Република Северна Македонија.

Согласно информирањето и предлозите изнесени во расправата на состанокот од членовите и другите присутни лица по однос на оваа точка, Главниот координативен кризен штаб, ги усвои следниве заклучоци:

1. Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи да изработат посебен протокол за организирањъе и спроведуваіъе на транзит на т.н. хуманитарни конвои од граничните премини во Република Северна Македонија (дали истото ке го организраат и спроведат преку дневни конвои во одреден термин, пријавуваіъе на попатни пунктови на Министерството за внатрешни работи или на друг соодветен начин).

Во однос на заклучокот бр.б од Третиот состанок на Главниот координативен криузен штаб, одржан на 18 март 2020 година, во однос решавагье на проблемот со дозволите и протокот на премии на граничните премини во Република Северна Македонија за македонските возачи на товарните моторни возила, м-р Горан Сугарески, министер за транспорт и врски и Наке Чулев, министер за внатрешни работи да одржат координативна средба на која ќе го дефинираат начинот на операционализираюе на заклучокот, односно собирање на податоците од возачите и пополнуваіъето на податоците во дозволите дадени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

3. Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Агенцијата за национална безбедност и Бирото за јавна безбедност да направат план и модел за функционален систем на дејствуваіъе за време на периодот на постоеіъе на вонредна состојба.

4. Агенцијата за национална безбедност да ги провери сите лица кои од Република Северна Македонија во последните 14 дена го посетиле зимскиот рекреативен центар — Банско во Република Бугарија и по добивагье на листата од надлежните институции од Република Бугарија истата да се сподели со Државниот санитарен и здравствен инспекторат за сите овие лица да добијат решение за самоизолација.

5. Согласно задолжението под реден број 9 од Вториот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 17 март 2020 година, министерот за образование и наука, д-р Арбр Адеми, да подготви и во најкус можен рок до Владата да достави план и начин на спроведуваюе на онлајн настава за учениците во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, со распоред на часови со можност да се искористат сите канали за комуникација, како и план, начин и распоред на одржуваіъе на испитните сесии на високо образовните установи во Република Северна Македонија.

6. Сите министерства, во соработка со Секретаријатот за законодавство, веднаш да подготват пакет на итни и неопходни мерки од своја надлежност, кои се исклучиво во функција на справуваюе со настанатата ситуација за која постои вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија и истите правно да ги нормираат во правен акт — уредба со законска сила и да ги достават во најкус можен рок до Владата на Република Северна Македонија на разгледуваюе и донесуваюе.

За оваа цел, Секретаријатот за законодавство, веднаш да оствари комуникација со сите министерства и да достави урнек за подготовка на уредби со законска сила.

7. На наредната седница на Владата, Владата да заземе став, преку уредба со законска сила, да се уреди пролонгирањъе на сите материјални и процесни рокови од законите, или истите да се суспендираат.

8. Секретаријатот за европски прашаіъа, во текот на денешниот ден, да достави писмо за намери до Кралството Норвешка, за искористуваіъе на средствата кои се ставени на располагаіъе за потребите со справуваюе со настанатата ситуација за која постои вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

За оваа цел, Секретаријатот за европски прашаіъа, во соработка со Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашаіъа и за координација со економските ресори, м-р Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за одбрана и д-р Венко Филипче, министер за здравство, во најкус можен рок да одржат координативен состанок со цел утврдуваіъе на листа на конкретни добра, стоки и услуги кои се во функција на справуваіъе со настанатата ситуација за која постои вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија, која потоа Секретаријатот за европски прашаіъа ке ја достави до Кралството Норвешка.

9. Да се прифати донацијата од Казино Фламинго, во количина од 2000 кг свежо овошје и 2000 парчиіъа јајца и преку Регионалниот кризен штаб за управувагье со кризи да се координира дотурот и диструбицијата на овие количини за населението во подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа.

10. Министерството за здравство да донесе соодветен правен акт со кој ке се одложат сите сиcтeмaтcки здравствени прегледи кои работодавачите ги спроведуваат и организираат за работниците.

11. Управата за јавни приходи да ги стави на располагањъе сите свои капацитети и ресурси на Државниот пазарен инспекторат, со цел подготовка на функционален план за вршење на заеднички координирани теренски контроли.

Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да спроведе вонредни контроли во трговијата, особено на трговците со храна, на пазарите, во маркетите, големите трговски ланци и слично (дали се почитуваат правилата за трговија и ракувањъе со храна особено во услови на криза и вонредна состојба, дали стоката се продава со поминат рок, дали вработените постапуваат согласно стандардите, дали се почитуваат дадените мерки и препораки за заштита од Коронавирус COVID-19), како и други аспекти од надлежност на Агенцијата.

По однос на точката 2 оу Дневниот ред, немаше прашаіъа, ниту предлози.

Горенаведените, заклучоци, препораки и констатации беа едногласно прифатени, без забелешки од членовите на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречуваъе на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 и за задолженијата кои произлегуваат од истите веднаш да бидат информирани сите надлежни институции, со цел нивно итно операционализирање и реализирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот