Зајкова: Никогаш не би земала апанажа, треба да се укинат и паушалите кои достигнуваат четири просечни плати

Фото: ЛДП

Според претседателката на ЛДП, Моника Зајкова ако се отвори прашањето за апанажа како бенефиција, треба да се отворат и другите прашања како на пример „колку управни и надзорни одбори има во институциите каде членуваат луѓе кои согласно законите „земаат“ до четири просечни плати, околу 150 до 200 илјади денари паушал за само едно појавување на седница на Управен одбор“.

Никогаш не би земала апанажа затоа што ќе се вратам на својот професионален ангажман во областа на правото, рече пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова во гостувањето на Алфа, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд кој минатата недела ја укина апанажата за функционерите кои ќе поднесат оставка, изјави Зајкова во гостување на Телевизија Алфа.

Зајкова посочи дека имаме низа на агенции, тела кој што јавноста воопшто не ги познава, а земаат огромни примања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот