Загина тракторист од Пелинце, пожарникари три часа го извлекуваа телото

Фото: МИА / илустрација

Жител на кумановското село Пелинце синоќа загинал откако се превртел тракторот кој го управувал, соопшти МВР.

Несреќата се случила во 21.30 часот, на местото наречено Искра покрај реката Пчиња, кога се превртел тракторот „Фергусон 539“ кој го возел Р.И.(67), кој починал на местото на несреќата.

„Лекар констатирал смрт, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција“, велат од полицијата.

Во извлекувањето на тракторот учествувала и екипа од Противпожарната екипа на Старо Нагоричане од 22.30 до 02 часот по полноќ со еднo возило и двајца пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот