Загина мотоциклист на патот кон Козјак

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Скопје – хидроцентрала „Козјак“, во близина на крстосница со локален пат за село Брезница, скопско, С.К.(29) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот