„Загадувањето секоја година се намалува“: Нуредини не сака да слушне дека сме меѓу најзагадените земји

Загадување на воздухот во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска рече дека новиот закон кој е во процедура во Владата, ги обврзува сите компании кои имаат интегрирана дозвола „А“, да инсталираат свои мерни станици кои ќе работат 24 часа.

„Сите тие мерки покажуваат дека секоја година загадувањето на воздухот кај нас постепено се намалува. За жал, сè уште имаме проблем со загадениот воздух, но не сакам да дискутираме за тоа дека сме најзагадената земја во светот. Тоа се податоци што ги објавува една приватна компанија. Но, вистината е дека имаме проблем со загадениот воздух. Но, најдоброто решение кое ќе влијае на енормното намалување на загадувањето на воздухот ќе биде преку гасификација. Кога ќе почнеме да се грееме на гас, кога ќе се префрлиме повеќе на централно парно греење. Ако продолжиме да се грееме како сега, тогаш ќе го имаме овој проблем со загадениот воздух“, вели Насер Нуредини- Министер за животна средина.

Мерките воведени во Скопје поради загадениот воздух беа укинати нешто повеќе од 24 часа откако стапија на сила. Мерните станици денеска покажаа податоци само од мерната станица кај Ректоратот на УКИМ, но не и за другите делови на главниот град.

Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник соопшти дека дневните просечни концентрации на ПМ10 честичките во Скопје се под дефинираниот праг, па затоа препораките и мерките повеќе не важат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот