Заев: Сите споменици во центарот на Скопје ќе ги дислоцираме во полјана близу до Градот и ќе направиме музеј

Зоран Заев/ Фото: СДСМ

 Заедно со Владата и Градот Скопје под раководство на Шилегов сите споменици во центарот на Скопје ќе ги дислоцираме во полјана близу до Градот Скопје и ќе направиме музеј од споменици, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот митинг во Карпош.

-Тоа може државата да го поднесе, не чини пари и ќе го реализираме за да остане симбол дека Скопје е прогресивно, дека Скопје слуша, дека Владата слуша и постапува по укажување на граѓаните. Овој период сме исправени сите пред нешто што е наша реалност и што беше реалност и пред четири години, изјави премиерот. 

Според него, може да се направи паралела што се случувало овие четири години со навратување на претходните 11 години.

-Да се запрашаме сите, сакаме повторно кавги со соседите, со целиот свет? Или сакаме пријателство и да одиме напред, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот