Заев: Општинските власти да направат напори за отворање регионални центри за да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Општините кои имаат капацитет да обезбедат инфраструктура, сали и слично веќе ги отворија регионалните центри за вакцинација против ковид-19, истакна премиерот Зоран Заев и апелираше до другите градоначалници, советници и општински власти да направат дополнителни напори за отворање и на други регионални центри за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште повеќе. Посочи дека сите здравствени домови се место на вакцинирање.

Но, потенцира премиерот, ваквите регионални центри, како што е салата „Борис Трајковски” и сите други останати што се отворени во државата и дополнително двата што се во најава дека ќе се отворат, не значи дека треба да застанеме тука, треба да отвориме секаде каде може да се обезбеди инфраструктура.

– Покрај Главниот координативен штаб имам формирано три поткоординативни штабови, едниот е напори за обезбедување дополнителни донации на вакцини, вториот поткоординативен штаб е за вакцинацијата комплетно, тргнување на слабости што ги гледаме овие денови секаде и третиот е маркетиншкиот аспект за да го доближиме тоа што се работи до населението како Влада преку соопштенија, преку нашите изјави, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по примањето вакцина против ковид-19 на вакциналниот пункт во А1 арената „Борис Трајковски” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот