Заев: Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години (ВИДЕО)

На 15 јули ќе се спроведе гласање со целосна заштита, безбедни се сите мерки за заштита од КОВИД-19. На 15 јули е важно да се гласа, се носи голема одлука. Носиме одлука за сопствената иднина, за иднината на нашите најблиски, за иднината на нашата татковина. На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме да одиме напред или ќе се враќаме назад, истакна Зоран Заев, претседател на СДСМ во изјава за медиумите.

-Дали ќе растат платите и ќе се полнат џебовите на граѓаните, или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски кои сега се нудат да ја водат државата. Дали ќе го прочистиме судството од корумпираните судии и обвинители или остатоците од заробената држава ќе ги спасуваат Камчев и Груевски, и сите други кои ја ограбија државата. Дали откако влеговме во НАТО ќе влеземе и во ЕУ или ќе им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа и да не вратат во режим и изолација. Дали ќе се справиме и заштитиме од коронавирусот или ќе оставиме неодговорни луѓе опасни по здравјето да донесат хаос и паника- вели Заев.

Да не мислиме дека работата е веќе завршена, истакна тој, секој од нас треба да преземе чекор и да учествува во големата одлука. Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години.

Државата ќе продолжи напред само ако вие така одлучите, само ако вие излезете на 15 јули и гласате на безбедни избори.

Денес, нема подобра и посигурна опција од СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

Гласот за СДСМ е глас за сигурност, глас за да спречите влада на ВМРО-ДПМНЕ и нова опасност.

Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за кој било кој би можел да коалицира со Мицкоски. Глас за ДУИ е глас за Мицкоски, глас за Мицкоски е глас за обнова на режим.

Да гласаме за „Можеме“ да гласаме за најсигурната опција!

Почитувани граѓани,

Го бараме вашиот глас за нов, чист мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо. Да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.

Се обврзуваме пред вас граѓаните, дека првата работа која ќе биде следниот период е реформата на правосудниот систем во државата.

Покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност носиме правда и владеење на правото за сите преку прочистување на правосудството.

Продолжуваме и со грижата за јавното здравје. Денес, не сакаме ниту да замислиме како ќе изгледаше справувањето со КОВИД кризата ако ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата.

Почитувани граѓани,

Во среда, на 15 јули да гласаме за бројот три, за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. Да продолжиме напред кон развој, кон интеграција, кон економски раст и повеќе пари за сите.

Излезете и на безбедни избори гласајте за број 3, напредокот да продолжи уште повеќе, да биде уште подобро за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот