Заев: Може Ел Чека е следниот премиер – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев: Може Ел Чека е следниот премиер

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-коференција рече дека власта сака со новиот закон Специјалното јавно обивнителство да се врати во јавно-обвинителскиот систем, да остане финансиската независност и да има иднина.

-Користењето за незаконските преслушувани разговори заврши, СЈО ќе ја гони корупцијата во власта, односно кај претставниците на власта, со законот ќе се постави системот во борбата против корупцијата – рече Заев.

На прашање дали чувствува одговорност за објавување на разговор за убиството на Мартин Нешковски, кој се покажа дека не биле целосен, Заев рече дека е горд за тоа што го направил.

-Самото објавување на разговорите го бетонира тоа што е вината на власта дека сакале да сокријат убиство и да влијаат на процесот. Јавното обивнителство постапува по сите материјали, а не само по тоа што Заев го објавил. Разговорите се индиции, а врз основ на материјалните докази се носат одлуки и пресуди. Кога ги слушав разговорите ми доаѓаше прв да ја урнам оградата на владата, но не можев да го сторам тоа имав одговорност како лидер на опозицијата. Се однесувале како богови и си играле со човечки животи. Јас се гореам што има чест да обелоденам зло врз основ на кое се крена народот – рече Заев и по новинарски коментар дека сега истото мисли дека го прави Ел Чека, дополни дека може токму Ел Чека е следниот премиер на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close