Заев ja прифаќа понудата на Мицкоски – ќе има тет-а-тет средба

Зоран Заев, Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат, колаж

Премиерот Зоран Заев вели дека ја прифаќа понудата од страна на Мицкоски за организирање на тет-а-тет средба, објавува ТВ21

„Секако да, прифаќам“, вели Заев

Вечерва лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ повика на тет-а-тет средба со Зоран Заев на која би се разговарало за сите теми.

„Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса“, рече Мицкоски.

Прашан, дали и другите лидери на политички партии ќе бидат повикани, на што Мицкоски рече дека зборува за тет-а-тет средба помеѓу двајца, двајца лидери од двете најголеми политички партии односно партии кои имаат најголем број пратеници во парламентот.

„Се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е искрена. Целта ми е да постигнеме конценсуз меѓу двете најголеми политички партии“, додаде Мицкоски.

Додава дека ќе разговараа на сите теми од, корона, вакцини, блокирање на ЕУ интеграции, избори, експертски и широки влади, национален спас и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот