Заев: Има најави од австриски компании за инвестирање во земјава

фото: МИА

Во Австрија вчера биле најавени најмалку две инвестиции во земјава, информира денеска премиерот Зоран Заев, но посочи дека правилото на инвеститорите е додека тие самите не објават не може да се зборува за тоа бидејќи има процедури на донесувањето на одлуките.

-Не случајно бевме во Австрија. Австрија е најголем инвеститор во нашата земја. Најавите се потврдија вчера. Верувам дека од самата конференција на Виенскиот економски форум ќе продуцираме дополнителна мотивација бидејќи и тоа како заскокоткавме можност некој тука да профитира, а ние да вработиме луѓе, да расте нашиот БДП и да го зголемуваме извозот на нашата земја, појасни Заев одговорајќи на новинарско прашање по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот