Забрането возење во зимска јакна, казни до 200 евра во Шпанија

За возњењ во капут или во зимска јакна во Шпанија, ве очекуваат високи казни до 200 евра/ Фото: ЕПА

Ако возите во капут или во зимска јакна во Шпанија, ве очекуваат високи казни до 200 евра.

Идејата за ова правило е дека зимската јакна ве ограничува во возењето, односно ги лимитира вашите движења при управувањето со воланот. Во Шпанија истото важи ако на себе имате шал или ракавици, пишува ревијата ХАК.

Тестовите на Германскиот автоклуб (ADAC) покажале дека со зимската јакна можете да имате друг тип на проблеми. Таа ќе го оневозможи правилното затегнување на сигурносниот појас кој може да се лизне преку стомакот и да ги повреди цревата, црниот дроб или панкреасот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот