За само два дена: Лепа Брена распродаде два концерти во Загреб, веќе го закажа и третиот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Лепа Брена доаѓа во Арена Загреб кон крајот на следната година. Српската ѕвезда за 24 часа го распродаде и вториот концерт во загрепска Арена закажан за 7 декември 2024 година, откако претходно го распродаде првиот концерт за помалку од еден ден.

„Тоа е одлична вест и јас сум навистина среќна! Ви благодарам многу на сите што купивте билети, кои ме сакаат и ме поддржуваат и кои ќе дојдат да го видат спектаклот што го подготвуваме, кои го заслужуваат и го очекуваат. Тоа ќе биде навистина нешто посебно, едвај чекам да излезам пред мојата публика“, изјави Брена по втората распродадена Арена.

Публиката, според интересот за влезниците, се чини дека со нетрпение ја очекува Брена. Третиот концерт е закажан за 9 декември 2024 година.

„Секогаш се чувствувам добро во Загреб. Немаме друг избор освен да ја отвориме третата Арена, се гледаме на 9 декември! Како што вели Дорис Драговиќ – ‘Малку ми треба за среќа’“ – рече задоволна Брена и го испиеа овој стих во програмата на едно хрватско радио.

Омилената регионална пејачка на концертите во Загреб ќе ги пее нејзините хитови како „Југословенка“, “Хајде да се волимо“, „Немам други дом“, „Пази коме завидиш“…

Лепа Брена најави концерт во Арена Загреб пред неполни 24 часа: Билетите се распродадени

ФОТО | Ги покажа нозете долги 2 метра: Лепа Брена насмеана ужива во егзотичен коктел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот