За првпат по три децении се реконструира улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода

Фото: Општина Кисела Вода

После 30 години целосно се реконструира улицата „Марко Орешковиќ“ со краците, информираат од Општина Кисела Вода и додаваат дека продолжуваат со обновата на инфраструктурата низ целата општина, со која досега, како што тврдат, се опфатени преку 45 км улици и патишта.

 Зафатотот се одвива на потегот од улицата „Мариовска“, опфаќајки ја улицата „Марко Орешковиќ“ и нејзините краци. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Она што од мене им беше ветено во целост ќе биде реализирано. Извршив увид и можам да кажам дека за околу две седмици сообраќајот во овој дел од Кисела Вода ќе се одвива по целосно реконструирани улици – вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој додава дека со доаѓање на пролетта ќе се интензивираат градежните активности низ сите населби и населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот