За пет месеци во Битола извршени се 185 истраги за сузбивање на проституција

Фото: СВР Битола

Од почетокот на февруари до јули извршени се 185 истраги за откривање на посредници и сузбивање на проституција во регионот каде што делува СВР Битола. Полицијата извршила информативни разговори, поднесена е кривична пријава, а санкционирани се и 12 констатирани прекршоци.

-Криминалистичката полиција на СВР Битола како резултат на појава на кривични дела по чл.191 од Кривичниот законик, односно „посредување во вршење на проституција“ и прекршок по чл.19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, односно „вршење на проституција“ има воспоставена криминалистичка истрага насочена кон лица кои вршат и нудат сексуални услуги на паркинг простори, во хостели, преноќевалишта, хотели, паркови и други места, како и кон лица кои посредуваат при извршување на истото. Како резултат на сето ова, на подрачјето на СВР Битола од почетокот на месец февруари до месец јули 2023 година, полициските службеници реализирале вкупно 185 постапувања на подрачјето на СВР Битола (најголемиот дел во Битола), при што легитимирани биле повеќе лица-стои во соопштението на СВР Битола.

Оттаму информираат дека се извршени информативни разговори во полициска станица, за што до овој момент е поднесена кривична пријава по чл.191 од Кривичниот законик ,„Посредување во вршење на проституција“, а санкционирани се и 12 констатирани прекршоци по чл.19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир-соопштија од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот