За неколку дена доаѓа во Скопје, а велат дека ѝ бил љубовник на принцезата Дајана (ВИДЕО)

За Брајан Адамс, кој е на музичката сцена од 1975 година, во еден период се зборуваше дека и бил љубовник на принцезата Дајана. Таквите приказни ги подгреа изјавата на батлерот на Дајана, Пол Барел, кој во една телевизиска емисија изјавил дека славниот музичар тајно со кола влегувал во Кенсингтонската палата и се прикрадувал до одаите на принцезата.

Кога пред неколку години Брајан Адамс гостувал во емисијата на Енди Коен, одговорил на ваквите приказни.

„Не се прикрадував. Едноставно доаѓав во палатата. Да, Дајана и јас бевме… па, големи пријатели.

„Бевте пријател со привилегија?“, го прашал потоа Коен.

Пејачот ова прашање го збунило, а не сакал ни да потврди, ни да негира, па многумина тоа го сфатија како признание на нивната врска.

Во 1985 година Адамс ја снимил нумерата „Дајана“ во која се зборува за кралицата на неговото срце која е со друг човек кој не ја заслужува. Вљубениот маж во песната вели дека ќе умре за Дајана, па се прашува: Што правиш со ваков тип?

По смртта на Дајана, Брајан Адамс никогаш веќе јавно не ја извел оваа песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот