За насилниците во француските училишта три години затвор

pixabay
Затвор / Фото: ЕПА

Францускиот Парламент усвои нацрт-закон со кој насилството помеѓу врсниците во училиште ќе се смета за кривично дело казниво до три години затвор.

Пратениците истакнаа дека на општеството му е потребен повик за будење поради сериозноста на фактот дека децата на мета имаат свои врсници.

Предложениот закон беше поддржан од министерот за образование Жан-Мишел Бланкер, според кој законот испратил силна порака до општеството дека „никогаш нема да прифатиме да се уништуваат животите на нашите деца”.

Се проценува дека едно од 10 француски деца се соочило со насилство од врсници и дека социјалните мрежи го зголемуваат потенцијалот за јавно исмејување и понижување.
Бланкер посочи дека предлог-законот е „начин за спроведување на вредностите на Републиката”.

Предлог-законот беше одобрен од Долниот дом на Парламентот и сега ќе оди на гласање во Горниот дом, а се очекува да биде усвоен во февруари следната година.

Со донесувањето на овој закон, како што се наведува, ќе се воведат казни за врсничко насилство во Франција, кои ќе бидат меѓу најтешките во светот.

Ерван Баланант, пратеник од партијата МоДем (Демократско движење) кој го подготви законот, истакна дека новиот закон и високите казни се начин за „ангажирање на општеството како целина”.

– Не се работи за испраќање деца во затвор, наведе Баланант.

Тој додаде дека кривичните закони може да воспостават „систем на вредности на општеството”.

Новиот закон ќе важи за децата и возрасните во училиштата и универзитетите
Во најтешките случаи, доколку жртва на училишно насилство биде убиена или имало обид за убиство, максималната казна за таков прекршок може да биде до 10 години затвор и 150.000 евра.

Неколку случаи на насилство од врсници завршија трагично во Франција оваа година, вклучувајќи го и самоубиството на 14-годишно девојче во Алзас во октомври.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот