За двајца од десетмината уапсени утринава изречени мерки за претпазливост наместо притвор

обвинителство ојо

За двајца од десетмината кои утринава беа уапсени во акција на МВР, се изречени мерки за претпазливост наместо притвор, соопштуваат од Обвинетелството.

Како што информира обвинителството, во текот на денешниот ден, откако осомничените дале искази пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, надлежниот обвинител кој постапува во предметот за две од осомничените лица го повлече предлогот за определување на мерката притвор.

Тој му предложил на судот за нив да бидат определени мерки на претпазливост.

Тоа значи дека ќе им бидат одземени патните исправи и имаат забрана за нивно издавање, а определена им е и забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување на службено лице во судот и забрана за вршење дејности на работното место кои се поврзани со предметното кривично дело.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот