За да го спречи враќањето на мигрантите, Турција распоредува специјалци на границата со Грција

Турција распоредува 1.000 специјалци од полицијата долж границата со Грција денеска во обид да го спречи враќањето на мигрантите кон нејзината територија. Тоа го изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и додаде дека 164 мигранти биле повредени од грчките власти.

– Тие повредија 164 лица. Се обидоа да вратат назад во Турција 4.900 луѓе, изјави Сојлу во северозападната погранична провинција Едирне.

– Ќе распоредиме 1.000 полицајци од специјалната единица во пограничниот систем … за да го спречиме враќањето, рече тој

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот