Вујовиќ ќе има нов тренер на голманите во Вардар

фото: РК Вардар 1961/инстаграм

Стручниот штаб на Вардар1961 следната сезона ќе биде зголемен за уште еден нов член, со Александар Рогановиќ (59) кој ќе биде одговорен за работата со голманите во клубот. Црногорскиот тренер во моментов е тренер на кадетите на репрезентацијата на Црна Гора, но зад себе има богата тренерска кариера, најмногу токму со голмани во различни клубови и репрезентации.

Рогановиќ има долга историја на соработка со Вујовиќ, заедно беа на Европското првенство 1994 година во Словенија и на СП во Тунис наредната година, а исто така работеа заедно и во Ал-Шабаб во Обединетите Арапски Емирати како и во Кпер и во Железничар.
Тој исто така има работено и во женскиот тим на Будуќност, во Ал-Џазира од Абу-Даби, а моментно е тренер на голманите на кадетската репрезентација на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот