Вучиќ во последниве 40 дена на јавноста ѝ се обратил 30 пати

Александар Вучиќ / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во изминатите 40 дена 30 пати директно им се обратил на граѓаните преку телевизија со национална фреквенција, соопшти ЦРТА. Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) наведува дека во анализата е анализиран периодот од 1 јули до 9 август годинава.

Како што додадоа, за денеска е најавен уште еден „ексклузивен специјал“, односно гостувањето на Вучиќ во емисијата „Ќирилица“ од 21 часот на Хепи ТВ.

Претседателот на Србија вчера им се обрати на граѓаните заедно со премиерката Ана Брнабиќ кога ги презентираа проектите што ќе се градат во Србија до 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот