Вучиќ: Приштинската не сакаше да има средба со српската делегација на самитот на ЕПЗ

Фото: ТВ Хепи / принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Молдавија изјави дека делегацијата од Приштина не сакала да има средба со српската делегација на самитот на европската политичка заедница и дека тоа не е одобрено од другите лидери.

„Ситуацијата на Косово, заедно со Украина, стана главна тема на самитот на европската политичка заедница. Зборувавме и јас и (претседателот на Косово Вјоса) Османи, тие не сакаа средба со српската делегација, а тоа не беше одобрено од кого било “, изкјави Вучиќ на крајот од самитот, пренесе Бета.

Вучиќ рече дека „Србија секогаш сака разговори“, но дека му се чини дека „се појасно е кој е одговорен за насилството на Косово и Метохија“.

„Јас секогаш внимателно ги толкувам позициите на големите сили, но мислам дека сега работите стануваат се поочигледни и појасни дури и за оние луѓе кои не секогаш се согласуваат со нас“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека денеска на маргините на самитот во Кишињев имал „многу важни“ билатерални средби и изјави дека имал долг одвоен разговор со премиерите на Полска и Холандија, Матеуш Моравјецки и Марк Руте.

Тој изјави дека очекува Моравјецки и Руте да го посетат Белград во следниот месец, како и премиерите на Белгија и Луксембург. Вучиќ рече дека имал одвоени средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, а тие тројца ќе имаат и заедничка средба.

„Со Шолц и со Макрон пред се ќе разговарам за тоа како да се деескалира ситуацијата, а потоа како да се избегнат дополнителни провокации и еднострани потези, која ќе биде вистинската гаранција за тоа. Но, и за тоа дека треба да се фокусираме на формирање на Заедницата на српските општини и за она што треба да го исполниме“, рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот