Вучиќ: Кина беше главната тема на маргините на Бледскиот стратешки форум

Големиот економски напредок на Кина бил главна тема на состаноците кои денеска се одржааво рамките на Бледскиот стратешки форум, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ,

По завршувањето на Бледскиот форум , Вучиќ изјави дека главната тема била „како да се преговара за добивање инвестициски договор со Кина“.

“Главната приказна пред камерите се климатските промени и зелената агенда, и тоа никој не го спомена за време на разговорите или ручекот. Единствена тема на состаноците е Кина, преокупираноста на Европејците и на Американците. Во Србија, двата најголеми кинески извозници, Зидијин и ХБИС произведуваат во Србија и придонесуваат за напредокот на Србија, изјави Вучиќ.

Тој рече дека никогаш не слушнал ништо од институциите на ЕУ против иницијативата Отворен Балкан, дека десет членки на Унијата ја поддржале „на исклучителен начин“, но дека има најмалку две или три земји „кои не се радуваат затоа што полесно управуваа со процесите се додека Србија, Северна Македонија и Албанија” одлучија сами да одлучат за својата судбина “.

“Дали постои согласност и воодушевување во сите земји за иницијативата Отворен Балкан? Се разбира, не, што би било во нивен интерес за да напредуваме побрзо. Многу политичари страдаа поради идејата за Балканот. и платија голема политичка цена “, оцени Вучиќ .

Тој изјави дека денеска разговарал одделно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Вучиќ информираше и дека разговарал со Мишел за европската перспектива на Србија, геополитичката ситуација во Југоисточна Европа, улогата и задачите на Србија, дијалогот со Приштина, ситуацијата во регионот, особено во БиХ, но и владеењето на правото во Србија и понатамошните напори што Белград мора да направи на европскиот пат.

Вучиќ  повтори дека нема доволно желба за проширување во рамките на ЕУ.

Верувам дека секогаш ќе има некој што ќе му замери на нешто, Бугарите за Македонците, Хрватите за нас. Се чека исходот од изборите во Германија, следната година се изборите во Франција, ситуацијата е комплицирана”, рече тој.

За средбата со пратеникот на Еу за дијалогот со Приштина Вучиќ изјави дека „изразил загриженост“ дека Албанците ќе ја продложат кампањата за прием на Косово во различни меѓународни организации.

„Тоа ќе донесе дополнителна нестабилност за српскиот народ на Косово и во целиот регион, но ние ќе се подготвиме и ќе одговориме“на оваа нивна иницијатива , рече српскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот