Вучиќ по состанокот со Заев и Рама: Постигнат е договор за три точки

Александар Вучиќ/ Фото ЕPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на видео-самитот со премиерот Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама станало збор за зајакнување на политичката соработка.

Како што вели тој, постигнат е договор за три точки, меѓу другото и тоа за максимално скратување на времето поминато во чекање на границите.

– Зборувавме за преминување граници само со лична карта, за нови инвестиции, како и за конкретни проекти, изјави Вучиќ за новинарите.

Тој истакна дека резултатите се многу важни за Србија и дека ќе се корисни за нејзините финансиски интереси.

Тој додава дека очекува на иницијативата да се приклучи и Приштина на следната средба, но ги очекува и Сараево и Подгорица.

– Се договоривме дека одлуките секогаш ќе бидат формализирани и суштината е дека сите сме мали, но најмали сме кога сме сами. Помина времето кога светот не одминуваше и кога не разбиравме што е силна економија. Србија ќе има најголема стапка на раст во 2020 година, изјавил Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот