Вучиќ го правда Заев дека ѝ верувал на ЕУ за вакцините

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за популарниот босански новинар Сеад Хаџифејзовиќ посочи дека македонскиот премиер Зоран Заев бил изманипулиран од претставниците на Европската Унија во однос на набавката на вакцините.

– Јас знам, мојот пријател Зоран Заев целосно се потпираше на ЕУ, бидејќи така му беше речено. Ние не се потпиравме на ЕУ, затоа што по неколку средби во Брисел, и покрај истите ветувања дека Ковакс механизмот ќе биде во ред, јас сфатив дека тие работи треба да се бркаат и билатерално – рекол Вучиќ, пренесе „360 степени“.

Тој вели дека им дал насоки на одговорните во Владата на Србија билатерално да се договараат со Американците и веднаш да се потпишува договор со „Фајзер“.

Јас бев во Брисел и тие ми кажаа дека Ковакс-програмата е во подготовка и ќе биде реализирана. Јас ги прашав кога ќе се реализира? Тие ми кажуваат, знаете тоа ќе биде, ЕУ е најмоќна сила во светот. Јас им велам се тоа го знам, но кога ќе биде тоа – вели тој.

Јас сум сепак многу искусен и доволно стар, вели Вучиќ, и сум поминал низ многу работи, поминав низ силни притисоци додека ја договаравме Бриселската спогодба.

И човек ја научува таа школа. И кога петпати ќе ги прашам и нема да добијам конкретен одговор, туку ќе добијам одговор прво ние ќе се снабдиме, а веднаш потоа ќе бидете вие. Јас тогаш го прашувам – кога е тоа веднаш после вас. И кога на тоа нема да добијам одговор јас знам дека ние самите треба да се подготвиме да се снабдиме со вакцини. Му се јавив на британскиот премиер Борис Џонсон и разговарав со него. Разговарав со многу луѓе во Велика Британија да ни овозможат да ја набавиме вакцината на „Астра-занека“ . Разговарав со Путин, разговарав со Си Џинпинг. Осум писма разменивме со Си Џинпинг за да ја реализираме набавката на вакцините – објаснува Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот