Второто полугодие ќе почне на 21 јануари

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно во јануари, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на Битола.

Царовска потсети дека во овој период, до 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие.

-Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21 јануари, потврди Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот