Втор протест во Тетово за поддршка на палестинскиот народ

Втор пат во Тетово се организираше собир на граѓани кои протестираа и како што истакнаа бараат да се се запрат насилствата врз Палестинците во Израел. На градскиот плоштад тие носеа палестински знамиња и транспаренти на кои беа објавени повеќе пароли меѓу кои и  Ослободете ја Палестина, Бомбадирање деца не е самоодбрана, Тетово е заедно со Палестина.

– Денес сме тука поради протест за масакрите и злочините што се прават во Палестина во Газа. Ние сме дојдени на протести против злосторстватата против човештвото.Секој човек треба да биде во овие редови било да е Албанец, Македонец, православен или муслиман. Се употребува сила над невини сили, овде е точка каде треба да се состанеме против злосторствата и употребата на сила, мир изјави Сабаш Велиу, жител на Тетово.

Вчера изложба со протестен карактер за подршка на палестинскиот народ во Газа организираа група на студенти од Тетово на градскиот плоштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот