Втор ден метеж пред станиците за технички преглед, во некои нема налепници „НМК“

Фото: Соња Кираџиевска/Слободен печат

Налепниците наменети за возилата со кратенка „НМК“ предизвика гужви пред станиците за технички прегледи ширум државата. Уште од петокот започна нивната распределба, но поради големиот наплив, дел од станиците останале без налепници и ги враќаат назад граѓаните кои дошле да подигнат.

„Слободен печат“ ги контактираше станиците за технички преглед, а оттаму добивме информација дека се повеќе граѓани бараат налепници и поради тоа дел од станиците ги потрошиле истите. Од Министерството за внатрешни работи немаат информација кога ќе добијат нови.

-Бидејќи бевме меѓу првите станици за технички преглед кои добија налепници „НМК“, истите беа потрошени во текот на вчерашниот ден и се уште немаме никаква информација од МВР кога ќе добиеме нови- изјавија од станица за технички преглед во Кисела Вода.

За граѓаните да добијат налепници „НМК“ треба со автомобилот и сообраќајната да дојдат во станиците за технички преглед и најпрво да пополнат барање на шалтерите на МВР. Потоа налепницата под видео надзор и од страна на вработените ќе им биде залепена на регистарската таблица.

Вчера дел од граѓаните кои се упатиле кон станиците за технички преглед останале без налепници бидејќи не биле информирани дека треба со возилото да дојдат, а некој од контролорите да им ја залепи налепницата.

– Не ми ја даваат на рака, треба со кола да дојдам тука и да се туткам со сите што одат во ред, а јас живеам на педесет метри оттука. И сега треба со кола да одам, да се туткам, да се нервирам, да свирам, да дигам притисок, а можат на рака да ми ја дадат, таа е обична налепница, на која, наместо МК, пишува НМК-вели господинот.

Некои од граѓаните се жалат од квалитетот на налепниците, па револтирани поради тоа на сопствен трошок купуваат нови таблички на кои фабрички е напишано кратенката на новото уставно име, а за истите треба да одвојат над 2.000 денари.

Налепниците требаше да чинат од 30 до 50 денари, но МВР одлучи да бидат бесплатни, но сепак промената на сообраќајните книшки се дополнителен трошок за граѓаните за кои треба да се одвојат 1.200 денари.

Инаку вчера на седница на Собранието, по предлог на сите политички партии, едногласно беше изгласано возачките дозволи со старото име да важат до крајот на годината, заклучно 31-ви декември.

Ваквата одлука веднаш беше потпишана од претседателот Стево Пендаровски и ја поздрави одлуката на пратениците кои ставиле интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, од денес веќе немаше да важат, не само за надворешна употреба, туку и во државава.

За разлика од документите, нервозите ќе важат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот