ВИДЕОАНКЕТА | Граѓаните револтирани, хаос за налепници НМК пред техничките прегледи

Налепници НМК /Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Колони возила денес пред скоро сите станици за технички преглед во земјава. Целта е што поскоро да се стигне до налепниците со ознака НМК за да може да се излезе од државата. Во дел од техничките прегледи има налепници, а дел веќе ги потрошиле.

Но не треба само да се земе налепницата. Возачите треба да дојдат во станиците со сопственото возило за кое е наменета налепницата, треба да пополнат барање, а неопходна им е лична карта и сообраќајна дозвола. Налепниците се бесплатни, но се лепат на регистарските таблички од страна на контролорите во станиците за технички преглед. Камерата на „Слободен печат“ на техничките прегледи по градот забележа долги колони и револтирани граѓани. Велат дека е хаотично и чекаат дојдат на ред.

– Утрово дојдов и зедов налепница за едното возило, за другото снема налепници кога дојдов на ред. Сега повторно сум тука, се надевам дека ќе завршам-вели еден скопјанец.

Друг објаснува дека тука е да ја смени сообраќајната дозвола, од Република Македонија, на Северна Република Македонија.

– Ми побараа 1.200 денари за смена на дозволата, а доколку ја регистрираш чини само 200денари. Не ми е јасно-вели господинот.

Друг објаснува дека не ставил налепница.

– Не ми ја даваат на рака, треба со кола да дојдам тука и да се туткам со сите што одат во ред, а јас живеам на педесет метри оттука. И сега треба со кола да одам, да се туткам, да се нервирам, да свирам, да дигам притисок, а можат на рака да ми ја дадат, таа е обична налепница, на која, наместо МК, пишува НМК-вели господинот.

ВИДЕОАНКЕТА | Граѓаните револтирани, хаос за налепници НМК пред техничките прегледи

Смената на регистарските таблици е една од обврските што ги презеде Северна Македонија со Преспанскиот договор.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот