ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и студено со повремен дожд

Кејот на Вардар / Фото: А. Пауновска/ „Слободен печат“

Денес времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО на повеќе места со повремени врнежи од дожд на пониските и од снег на повисоките места и на планините. Повеќе врнежи ќе има во јужите предели, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени послаби локални врнежи од дожд , но и со сончеви периоди. Особено во среда ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, минималните до четврток на некои места ќе се спуштаат за некој степен под нулата, додека максималните ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот