фото: EPA-EFE/VALERIANO DI DOMENICO

Време е за нова ера: Европскиот фудбал продолжува без Меси, Ибра, Роналдо, Бензема…!

Заминувањето на Лионел Меси во американската МЛС лига го означи крајот на големата фудбалска ера во Европа.

Кристијано Роналдо го направи првиот чекор кога го замени дресот на Манчестер јунајтед за Ал Наср од Саудиска Арабија, по што следуваше пензионирањето на Герет Бејл, а во последните неколку дена и официјално заврши големата ера на европскиот фудбал во 21 век, како Златан Ибрахимовиќ ја заврши кариерата, а Европа ја напуштија Меси, Серхио Бускетс, Карим Бензема.

Францускиот напаѓач Бензема на изненадување на многумина реши да го напушти Реал Мадрид и да потпише договор со Ал Итихад. Мотивот секако биле парите, а во Саудиска Арабија за две сезони ќе заработи астрономски 220.000.000 евра. По него следуваше Нголо Канте кој за една година доби 100.000.000.

Меси стави крај на една голема ера иако во Европа и натаму има претставници од нивната генерација. Аргентинецот се раздели со ПСЖ, на маса имаше понуда од Барселона и Ал Хилал, но реши да замине во САД и да потпише договор со Интер од Мајами.

Меси целата своја кариера ја помина во Европа, најмногу во дресот на Барселона, а последните две сезони во Пари Сен Жермен, севкупно освои 38 трофеи! Покрај тоа, седумпати ја освојуваше „Златната топка“.

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Кога зборуваме за Бензема, францускиот стрелец во кариерата ги бранеше боите на Олимпик од Лион и Реал Мадрид и за тоа време успеа да освои 32 трофеи и една „Златна топка“.

Јасно е дека се работи за двајца играчи кои освоија грст трофеи во текот на кариерата во Европа, а ако на тоа се додаде фактот дека Бејл и Ибрахимовиќ се пензионираа со голем број трофеи, а Роналдо кој се одлучи за Саудиска Арабија, јасно е дека една голема ера е на крајот или веќе заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот