Вработувањето во САД забави во октомври

Фото: Профимедиа

Темпото на вработувања во САД забави во октомври, а стапката на невработеност благо се зголеми, покажа извештајот на Министерството за труд. Американските работодавци отворија 261.000 нови работни места во октомври, по ревидираните 315.000 отворени во септември, пренесува Хина.

Министерството ги ревидираше и податоците за август и утврди дека за тие два месеца се отворени вкупно 29.000 нови работни места, повеќе отколку што покажаа првите проценки. Годинава работодавачите во просек отвориле по 407.000 работни места месечно, според новите пресметки, што е помалку отколку во 2021 година, кога просечно се отворале 562.000 работни места месечно, велат од Министерството. Во октомври најмногу вработиле работодавачите во здравството, кои отвориле мрежа од 53.000 нови работни места.

Следат секторот за професионални и технички услуги со 43.000 и индустријата со 32.000 нови работни места. Во приватниот сектор се отворени вкупно 233.000, а во државниот 28.000 работни места.

Стапката на невработеност се зголеми во октомври за 0,2 процентни поени во однос на септември, на 3,7 отсто, а невработени се 6,1 милиони Американци, 306.000 повеќе отколку во септември. Просечната саатница во приватниот сектор во октомври изнесувала 32,58 долари и е за 4,7 отсто повисока во однос на истиот месец лани. Во септември е зголемена за пет отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот