Врабевски: Голем интерес во Македонија за вакцинација од бугарската компанија Комак Медикал

Сè уште има голем интерес за вакцинирање на граѓаните на Северна Македонија со вакцините обезбедени од компанијата на бугарскиот филантроп и сопственик на една од најголемите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, Милен Врабевски. Досега, од почетокот на кампањата на 17 мај, вакцинирани се 540 граѓани на Северна Македонија, изјави Милен Врабевски за дописникот на МИА од Софија. Тој ги отфрли шпекулациите на медиумите дека наплаќал по 30 евра од вакцина и рече дека е посветен на хуманата идеја што повеќе луѓе да вакцинираат против Ковид-19.

Врабевски повтори дека сите граѓани на Северна Македонија можат да се јават на пунктовите во Станке Лисичково и Златарево без никакви проблеми, а единствениот услов е да закажат термин на Вибер +359 886 800 264 (Вибер), +359 882 516 981. Тој вели дека сите вакцини одобрени од ЕУ се достапни на трите гранични премини меѓу Бугарија и Северна Македонија. По искажаната желба за вакцинација, екипите на Комак Медикал ги контактираат со луѓето за одредување на терминот за вакцинација.

Милен Врабевски во разговор со дописникот на МИА од Софија предложи македонските власти да им го олеснат преминувањето на границата зна луѓето за да можат да дојдат во пограничната област, за полесно да се вакцинираат. Тој вели дека се издаваат потврди, но луѓето треба да имаат во предвид дека системот е европски и понекогаш има грешки во правописот на датата на раѓање. Вакцинацијата од компанијата на Милен Врабевски се спроведува со вакцини обезбедени од претходната бугарска влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот